Над 3.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус за 24 часа во Франција



Во Франција бројот на жртви од Ковид-19 поголем од 100 за првпат после 13 дена - МИА

 


 


Париз, 17 август 2020 () –
Во Франција повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи,поради што властите не ја кријат загриженоста дека бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува постојано во текот на изминатите  неколку денови, јави дописникот на .

Во изминатите 24 часа се регистрирани 3.015 новозаразени, тоа е помалку во споредба со саботата кога беа регистрирани 3.310 нови случаи.
Бројот на пациентите на интензивна нега или реанимација останува 376 лица. Вкупниот број на починати од Ковид-19 достигна 30.410 лица.

Според Министерството за здравство дневно се прават околу 100.000 тестови и повеќе не е потребен лекарски упат за да се вршат тестови, кои сега се покриени и од здравственото осигурување.

Владата најави и промена на санитарните мерки за да се наметне како задолжително носењето на маска и на работните места.

Од друга страна, Французите покажуваат загриженост од санитарните ризици поврзани со коронависрусот. Според испитувањето на Ифоп за „Журнал ди диманш“,  дури 53 отсто од нив се повеќе загрижени од здравствените ризици поврзани со Ковид-19, отколку од економските последици од епидемијата, од што се загрижени само 29 отсто од испитаниците.