Над 150 холандски навивачи приведени поради антисемитизам

holandski fudbal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандската полиција изминатиот викенд приведе повеќе од 150 навивачи поради антисемитско скандирање пред прволигашкиот натпревар меѓу Ајакс и АЗ Алкмар.

Полицијата не откри други детали во врска со навивачите, но локалните медиуми тврдат дека уапсените се приврзаници на АЗ.


Навивачите пееле антисемитски песни во еден од вагоните на подземната железница на патот до Арената „Јохан Кројф“ во Амстердам.

Полицијата наведе дека во повеќе наврати барале од навивачите да престанат со антисемитски пароли, а кога тоа не се случило, полицајците го запреле од возот и привеле 154 навивачи.

АЗ Алкмар во клупското соопштение ги „отфрли и осуди“ инцидентите, најавувајќи дека ќе соработува во полициската истрага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK