Националниот стадион во Варшава ќе се претвори во привремена ковид болница


– Полска на националниот стадион во Варшава планира да отвори привремена ковид болница поради зголемувањето на бројот на пациенти со коронавирус, изјави денеска портпаролот на полската влада, Пјотр Мулер.



Британските медиуми го цитираат Мулер, наведувајќи дека конференциските сали на стадионот ќе бидат претворени во болница со околу 500 легла.

Полските здравствени власти наведуваат дека здравствениот систем им е преоптоварен поради зголемувањето на бројот на пациенти со Ковид-19.