На Тајван се одржува прва воена вежба на жени резервисти

tajvan_23423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во тајванскиот град Таојуан почна првата петдневна воена вежба за жени резервисти, во која учествуваат 14 Тајванки.

Тајванското Министерство за одбрана во јануари првпат им дозволи на повеќе од 200 поранешни војници да се обучат како резервисти.


Воениот рок во Тајван е задолжителен за мажите, кои потоа се обучуваат за резервисти. И жените можат да одат во војска, но досега не можеа да тренираат со резервниот состав.

Кина на почетокот на минатиот месец спроведе воена вежби околу Тајван, со цел да го зголеми притисокот врз островот, кој Пекинг го смета за една од своите провинции. Вежбите беа одржани како одговор на средбата меѓу тајванскиот претседател Цаи Инг-вен и висок американски функционер. Пекинг се противи на какви било официјални контакти помеѓу Тајпеј и странските земји. Воените аналитичари го повикаа Тајван да го подготви своето население за можна инвазија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK