На протестите во Белорусија за време на викендот уапсени околу 500 лица


На протестите во Белорусија за време на викендот уапсени околу 500 лица - МИА

Минск, 28 септември 2020 () – Полицијата во Белорусија уапси на демонстрациите против претседателот Александар Лукашенко изминатиот викенд уапси околу 500 лица.

Белоруското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека 150 демонстранти биле приведени во саботата, а вчера повеќе од 350.

Протести се одржаа во 22 града во Белорусија.

Вчера на протестот во Минск присуствуваа околу 100.000 луѓе.

Според групата за човекови права „Весна“, сузбивањето на демонстрациите овој викенд не било толку насилно како порано.

„Весна“ претходно соопшти дека полицијата во неколку градови во Белорусија уапсила и истакнати белоруски новинари.

По официјалното објавување на резултатите од претседателските избори во Белорусија на 9 август и наводната убедлива победа на претседателот Александар Лукашенко, опозицијата, но и најголемиот дел од меѓународна јавност обвинија за фалсификување на изборните резултати. САД и ЕУ соопштија дека не го признаваат Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија.

Оттогаш, во Белорусија се одржуваат протести, со чести судири меѓу демонстрантите и припадниците на белоруските безбедносни сили.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*