На Флорида се урна борбен авион „Ф-22“ во текот на „рутински лет“


На Флорида се урна борбен авион „Ф-22“ во текот на „рутински лет“ - МИА

Мајами,  16 мај 2020 () –  Американски борбен авион „Ф-22“ се урнал за време на „рутинскиот лет“ на Флорида, а пилотот успеа да се катапултира, објавија американските воени сили.


 

Пилотот е пренесен во локална болница во воздухопловната база „Иглин“ „за набљудување и проценка“ и се наоѓа во стабилна состојба, пренесува Си-Ен-Ен.

Несреќата се случила на околу 20 километри североисточно од базата и во неа нема жртви.

Воените авторитети го испитуваат инцидентот.