Москва: Две лица загинаа од артилериски оган во Русија

moskva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку две лица загинаа како резултат на украински артилериски оган во рускиот град Белгород во близина на украинската граница, според извештаите на регионалната администрација.

Уште едно лице е тешко рането во напад врз селото Нижне Березово во близина на украинската граница, јави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на гувернерот Вјачеслав Гладиков.


Светските агенции јавуваат дека информациите не можат независни да бидат потврдени.

Регионот Белгород е еден од неколкуте делови во јужна Русија каде цели како што се складишта за гориво и муниција беа погодени од експлозии од почетокот на, како што Москва редовно ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина откако ја започна својата агресија на 24 февруари. 2022 година.

Украина речиси никогаш јавно не презема одговорност за напади во Русија и на територијата под руска контрола во Украина, но неодамна беше посочено дека уништување на инфраструктурата е подготовка за планираниот копнен напад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK