Моравјецки: Нема помирување со Украина додека не ги закопаме сите жртви од масакрот во Волин

moravjecki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска во Варшава апелираше до Украина да дозволи ексхумација на околу 100.000 жртви од масакрот во Волин, извршен пред 80 години во западна Украина од страна на Украинската востаничка армија (УПА), вооружената формација на украинските националисти, предводена од Стефан Бандера.

– Нашите украински сојузници денес секако разбираат колку е важно за нас да ги најдеме сите останки, да ги закопаме како христијани, да се помолиме за нив, да запалиме свеќа. Нема да застанеме додека не ги најдеме сите. Без тоа нема да има полско-украинско помирување, наведе Моравјецки на централната комеморација на жртвите во Варшава.


Полските политичари денеска во Варшава положија венци на Споменикот на жртвите од масакрот во Волин,  и запалија свеќи за околу 100.000 полски цивили, како и за Чесите и Евреите убиени во селата во војводството Волин и источна Галиција (денешна Украина) во Втората светска војна од 1943 до 1945. години.

Од околу 100.000 жртви на масакрот во Волин, од кои приближно 60.000 беа во Волинската област, само приближно 3.000 жртви се пронајдени и закопани, додека останатите главно почиваат во безимени гробници во шумите и во необележани масовни гробници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK