Молдависките социјалисти побараа гласање недоверба на владата


Парламентарната група на Партијата на социјалистите на Република Молдавија (ПСРМ) иницираше гласање доверба на коалициската влада на Маја Санду, чиј коалициски партнер се токму тие. Тоа е направено бидејќи владата без консултации со партнерите направила измени во процедурата за назначување главен обвинител на земјата, соопшти денеска пратеникот од ПСРМ, Василиј Боља, цитиран од Тасс.

-Парламентарната група на Партијата на социјалистите побара гласање недоверба на владата, која изготви предлог закон што го прекршува Уставот, рече Боља.

Судбината на владата ќе биде одлучена веќе следната недела, на следната седница на парламентот.

Опозициската Демократска партија на Молдавија веќе изрази подготвеност да го поддржи барањето за изгласување недоверба.

Конфликтот меѓу коалициските партнери се појави околу изборот на нов главен обвинител. Според Уставот, тој се назначува од претседателот на земјата, на предлог на Високиот обвинителски  совет. Владата, во меѓувреме, самоиницијативно поднесе измени во Законот за Обвинителството, според кои, премиерот лично ќе му предложи на Високиот обвинителски совет избор меѓу двајца кандидати, откако комисијата што беше формирана од Министерството за правда не се справи со оваа задача.

Партијата на социјалистите на Република Молдавија формира парламентарно мнозинство со Партијата за акција и солидарност, на премиерката Маја Санду, и платформата „Достоинство и вистина“.

Според Боља, процедурата за назначување нов главен обвинител била предвидена во коалицискиот договор. Освен тоа, дејствијата на премиерот бил во спротивност со Уставот на земјата, забележа тој.

Вести

Независниот синдикат на полицијата бара подобри услови за работа и 25 отсто зголемување на платите

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест пред Владата на кој побара да биде признаен за репрезентативен синдикат во полицијата, признавање на новиот колективен договор во МВР и Шумската полиција, подобри услови за работа […]

Вести

Судството гласно за платите, молк за нефикасноста и застарувањето на предметите

Протестот на судската администрација повторно ги отвори прашањата за функционирањето и ефикасноста на македонското судство. Нивните барања добија јавна поддршка од судиите, на кои министерката за правда Рената Дескоска им забележа дека, како што се […]

Вести

РСЕ: Франција ги соопшти новите принципи за проширувањето на ЕУ

Франција испрати таканаречен „нон-пејпер“ до земјите-членки на ЕУ, барајќи „обновен пристап“ во процесот на проширување кон земјите од Западен Балкан. Исто така, од Европската комисија се бара до јануари 2020 година да објави нова методологија […]