Мнучин: Потребни се уште 250 милијарди долари кредити за малиот бизнис


Мнучин: Потребни се уште 250 милијарди долари кредити за малиот бизнис - МИА

Вашингтон, 7 април 2020 () – Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека од Конгресот ќе побара уште 250 милијарди долари за стартот на новата програма за кредитирање на малите компании, пренесоа француските медиуми.

На крајот на минатиот месец американскиот Конгрес ја одобри програмата за заштита на платите во износ од 350 милијарди долари, со која се осигурува неповратна помош за компаниите низ целата земја за плаќање на нивните привремено невработени работници.

Мнучин денеска на Твитер напиша дека апелира до републиканските и демократските сенатори во Сенатот и конгресмените во Претставничкиот дом „ да обезбедат дополнителни 250 милијарди долари за програмата #PPPLoan, со која ќе се гарантира дека малите компании ќе ги добијат потребните пари“ .


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]