Многу силен земјотрес го погоди Тајван

Screenshot-2024-09-02-111252.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Тајван, соопшти денеска Метеоролошката управа, но нема извештаи за евентуална штета.


Епицентарот на земјотресот се случил на длабочина од речиси 24 километри, јавува Ројтерс.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи и е подложен на земјотреси, а агенцијата јавува дека денешниот земјотрес би можел да се почувствува и во градот Тајпеј.

Во април градот Хуалиен на истокот од островот беше погоден од најсилниот земјотрес во последните 25 години, кога девет лица загинаа, а повеќе од 900 беа повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK