Млад жител на Тексас починал откако учествувал на „коронавирус забава“


Млад жител на Тексас починал откако учествувал на „коронавирус забава“ - МИА

Вашингтон, 12 јули 2020 () – Триесетгодишен жител на Сан Антонио, Тексас, отишол на „коронавирус забава“ по што се разболел и починал, јави Њујорк пост.

– Мислев дека е лага, им кажал младиот пациент на медицинските сестри пред да почине.

Според весникот, забавата била организирана од лице заразено со Ковид-19, и идејата била да се провери дали вирусот е реален и дали некој може да се зарази.

Американските медиуми пренесуваат извештаи за одржување коронавирус забави од страна на младите луѓе во државите како Аризона или Тексас, јави допсиникот на .

Главно, тие се скептици и мислат дека коронавирусот е лага или пропаганда. Или пак сакаат да добијат антитела сметајќи дека од вирусот умираат само постари луѓе, но факт е дека се повеќе млади и претходно здрави лица, заразени од вирусот, завршуваат во болници или мртовечници.

– Мислам дека направив грешка, мислев дека ова е лага, но не е, кажал младиот тексашанец пред да почине, изјави медицинска сестра за Ен-би-си.

Државите како Тексас, Калифорнија или Флорида се нови жаришта на коронавирусот во САД, и во изминатите денови се регистрираат над 9.000 случаи на инфекција дневно во секоја, додека болничките капацитети се полнат.

Во Сан Антонио, јужен Тексас, на пример, досега се регистрирани над 18.000 случаи, со повеќе од 1.200 хоспитализирани пациенти. 

 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

1 Comment

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*