Мјанмар: Две години затвор за уредник што објавил неточна вест за Ковид-19


Мјанмар: Две години затвор за уредник што објавил неточна вест за Ковид-19 - МИА

Нејпјидо, 22 мај 2020 () – Зав Је Хтет, главен уредник на мјанмарската новинска агенција Дае Пјав е осуден на две години затвор, откако се покажа дека веста на агенцијата дека едно лице починало од коронавирус не била точна.

Зав Jе Хтет е уапсен на 13 април, еден ден откако објавил напис во кој се наведува дека е евидентиран еден смртен случај од Ковид-19 во источната држава Карен. Се испостави дека веста не е вистина, пренесува Гардијан.

Адвокатот на новинарот изјави дека тој е осуден според член 505 на две години затвор.

Гардијан забележува дека станува збор за нејасно дефиниран закон, кој често се применува на новинари и активисти поради изјави „кои предизвикуваат страв или тревога“.

Во Мјанмар, потврдени се 199 заразени со новиот коронавирус и шест смртни случаи, но експертите стравуваат дека реалниот број е далеку поголем, бидејќи се тестирани мал број на луѓе.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]