Мистериозен бизнисмен се обложи за 5 милиони долари во победата на Трамп



 

Падна најголемиот политички облог на светот, а се однесува на прогнозата за исходот на американските избори. Мистериозен бизнисмен од Велика Британија ставил пет милиони долари во обложување дека ќе победи Доналд Трамп со коефициент 37/20.

Овој милионер користел приватни канали за обложување, регистрирани на Карибите, и пред да одлучи да депонира голема сума – се консултирал со прогнозите (Трамп камп инсајдерс).

Ако победи Трамп, бизнисменот може да добие речиси 15 милиони долари.

Но, тој не е единствениот милионер кој се обложувал во резултатот на американските избори на овој начин. Еден богат човек вложил милион фунти (1,29 милиони долари) обложувајќи се на победата на неговиот противник Џо Бајден … Ако Бајден победи, овој милионер ќе добие уште половина милион фунти.

Обичниот свет се обложува, а кога сè ќе се собере, најголемите обложувалници Ладброкс и Спортсбет ќе изгубат по околу 10 милиони долари ако Трамп добие втор мандат на чело на САД.