Мишел: Санкциите против Москва го покажаа единството на ЕУ


Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се одржи на 6 мај виртуелно - МИА

– Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска изјави дека санкциите на Европската унија кон официјална Москва поради нејзините постапки против опозицискиот лидер Алексеј Навални покажаа дека ЕУ е целосно обединета во одбраната на своите интереси.


 

Британските медиуми јавија дека Кремљ претходно се обиде да го минимизира влијанието на санкциите наметнати од САД и Европската унија, но додаде дека ќе возврати со реципрочни мерки.

“… Одлучивме да примениме санкции поради случајот Навални. Ова значи дека сме целосно посветени и обединети во Европа да бидеме силни, многу цврсти во целта да ги промовираме нашите вредности, да ги браниме нашите интереси, рече Мишел од Киев , каде што разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.