Милитанти во Уганда убија 25 лица во напад на училиште

uganda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милитанти поврзани со Исламска држава убија 25 лица во терористички напад врз училиште во западна Уганда во близина на границата со Демократска Република Конго, соопшти денеска уганданската полиција.

Припадниците на Сојузничките демократски сили (AДФ), група од Уганда со седиште во источно Конго, која се заколна на верност на Исламската држава, доцна синоќа го нападнаа средното училиште Лубирира во Мпондве, запалија студентски дом и ограбија храна, соопшти полицијата.


– Досега 25 тела се извлечени од училиштето и пренесени во болницата Бвера. Извлечени се и осум повредени кои се во критична состојба во болницата Бвера, соопшти полицијата на Уганда на Твитер.

Полицијата не соопшти колку училишни деца има меѓу загинатите.

Војниците ги гонеле напаѓачите кои избегале кон Националниот парк Вирунга во Демократска Република Конго, додаде полицијата.

АДФ во април нападна село во источната Демократска Република Конго, при што загинаа најмалку 20 луѓе.

Уганда испрати војници во Конго за да помогнат во борбата против АДФ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK