Милано привремено забранува работа на компании за изнајмување електрични тротинети


Миланo одлучи да ја забрани работата на компаниите за изнајмување електрични тротинети се додека не се утврдат јасни правила за употреба на тоа превозно средство.

Одредбата   предвидува дека ел/тротинети можат да се управуваат во Италија само во пешачки зони, на пешачки и велосипедски патеки и во области каде што брзината е ограничена на 30 км на час.

Исто така, од локалните власти се бара да објават правила за сообраќај на видлива локација.

Првата компанија за изнајмување такви превозни средства се појави во Милано во октомври 2018 година.

Од пролетта оваа година има уште шест компании, што е тренд и во други европски градови.

На крајот на јули, Милано дозволи брзина од 6 км на час во пешачките зони и им забрани да се движат на тротоарот, со казна од 26 евра.

Балкан

Будимпешта: Балканските држави заслужуваат шанса за членство во ЕУ

Европската унија им должи на балканските земји да им даде шанса да се приклучат кон Унијата, изјави во Стразбур европратеникот од редовите на унгарската партија Фидес, Балаж Хидвеги, додавајќи дека проширувањето на Балканот е клучна […]

Вести

Институт „Крсте Мисирков“: Прашањето за македонскиот јазик е апсолвирано, негирањето е свесна провокација

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје соопшти дека остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо. Во реакцијата Институтот […]

Вести

Максим Ацевски избран за главен државен ревизор

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одкуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. […]