Милано повторно погодено од силно невреме

milano
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милано и неговата околина утринава околу четири часот беа погодени од силно невреме проследено со пороен дожд, град и удари на ветер со брзина поголема од 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа.

Една жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени вчера во Милано кога силен дожд и силен ветер ја погодија северна Ломбардија.


Според прогнозите, можни се и денеска нови врнежи во Милано, јавија италијанските медиоуми

„Невремето предизвика сериозни штети и на нашата електрична мрежа“, соопшти миланската транспортна компанија додека голем број луѓе на социјалните мрежи објавија дека нема струја во многу делови од градот.

Пријавени се оштетувања на покриви, како и поплави поради количината на дожд и град што падна за краток временски период во Милано, како и многу соборени дрвја. Нема извештаи за повредени.

Невреме со грмотевици денеска се очекуваат и во Трентино Алто Адиџе, Венето и Фриули-Венеција Џулија.

Сосема спротивна е ситуацијата во останатиот дел од Италија, каде допрва треба да доминира африканскиот антициклон, поради што во некои централно-јужни области се уште се бележат исклучително високи температури кои во текот на денот ќе достигнат од 45 до 48 степени во Сицилија и во Апулија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK