Мигранти фрлени од брод во Африка, загинаа најмалку 20 луѓе


– Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека најмалку 20 мигранти починале откако шверцери фрлиле 80 од нив преку палуба за време на патување од Џибути во Источна Африка до Јемен.


 

ИОМ во соопштението наведува дека шверцерите, пред да ги фрлат луѓето, викале дека ги има премногу, откако бродот со 200 мигранти, меѓу кои и деца, вчера почнал да плови. Досега се пронајдени пет тела а на преживеаните им се укажува помош во Џибути.

Вакви случаи имало и порано, бидејќи илјадници мигранти сè уште се обидуваат да се пробијат од Рогот на Африка кон Јемен, а потоа и до богатите земји од Персискиот залив. Сè уште не е познато од кои земји се мигрантите од ова патување, иако повеќето од нив патуваат од Етиопија и Сомалија.