Мич Меконел: Трамп го предизвика насилниот упад на Капитол


 Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, на пленарен говор изјави дека претседателот Доналд Трамп го предизвикал насилниот упад на Капитол на 6 јануари.



– Лаги и беа соопштени на толпата. Луѓето во неа беа поттикнати на кација од претседателот и други влијателни луѓе, рече Меконел.

Меконел се уште не кажа како ќе гласа за процесот за смена на Трамп, што почнува во Сенатот во наредните денови.

Неговата одлука може да биде критична, бидејќи демократите и републиканците ќе бидат еднакви на следниот Сенат, 50 спрема 50 и ќе им бидат потребни гласовите на 17 републиканци за поддршка на 50 демократи за потребното двотретинско мнозинство.