Мич Меконел предлага Трамп да добие рок од две недели да се подготви за процес за отповикување


– Лидерот на републиканците во американскиот Сенат, Мич Меконел, предлага поранешниот претседател Доналд Трамп да добие рок од две недели да се подготви за процес за отповикување, објави „Политико“, повикувајќи се на два неименувани извора.



Меконел, кој рече дека смета дека Трамп ги испровоцирал приврзаниците кои го нападнаа американскиот Капитол на 6 јануари, им соопштил на републиканските сенатори дека ќе го даде предлогот до лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, наведува Политико.