Меркел: Мина првата фаза од пандемијата, ни претстои долг пат


Меркел: Можеме брзо да го уништиме она што го постигнавме - МИА

Берлин, 6 мај 2020 () – Германската канцеларка Ангела Меркел денес објави серија чекори договорени со 16-те германски премиери за олеснување на рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, изјавувајќи дека заврши првата фаза од пандемијата, но дека пред земјата се уште престстои долг пат.

-Се наоѓаме во момент кога ја постигнавме нашата цел за забавување на ширењето на вирусот и ние успеавме да го заштитиме нашиот здравствен систем … така што беше можно да разговараме и да се договориме за натамошно ублажување на мерките, изјави Меркел пред новинарите, пренесоа британските медиуми.

Врз основа на договорените мерки за ублажување на мерките ќе им се овозможи на членовите на две домаќинства да можат да се сретнат, ќе се отворат се поголем број продавници каде ќе треба да се спроведат и одржуваат мерките за хигиена, но во сила остануваат упатствата за држење физичка дистанца од еден и пол метар и обврската за носење маски што ги покриваат устата и носот во јавниот превоз.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]