Меркел и Макрон се согласија за буџет за Еврозоната


Брисел, 19 јуни 2018 – Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон, постигнаа согласност за една од точките на разговор на следниот европски Самит: буџетот на Еврозоната.



Меркел, која долго беше резервирана кон оваа идеја, денеска по средбата со нејзиниот француски колега, за кого ова беше едно од главните барања, прифати да се создаде заеднички буџет за 19-те земји членки на Еврозоната (ЕЗ).

Ова ќе биде „реален буџет“ со годишни приходи и расходи, порача Макрон по средбата, а Париз и Берлин се надеваат тој да биде етаблиран до 2021. Ниеден од двајцата лидери не сакаа да кажат колкава би била висината на буџетот, бидејќи тоа допрва ќе биде предмет на преговори со другите лидери на Европската Унија. Останува да се види и како ќе се финансира овој буџет. Меркел навести дека една опција се редовни трансфери од земјите членки или данок на финансиски трансакции.

-Работиме за да се осигураме дека буџетот на Еврозоната ќе биде искористен за да се зајакнат инвестициите и со цел да се зајакне конвергенцијата внатре во ЕЗ, затоа што знаеме дека економската и монетарната унија можат да останат цело само доколку економските политики конвергираат, изјави Меркел на заедничката прес конференција во Мезеберг, близу Берлин.

Меркел и Макрон денеска се сретнаа во Германија за да го подготват претстојниот Самит на лидерите на Европската Унија, но не постигнале согласност за миграциската политика, што се очекува да биде најтешката тема на овој Самит.

(МИА)


Вести

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, […]

Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*