Меркел го осуди „расистичкото“ убиство на Џорџ Флојд во САД


Меркел: Можеме брзо да го уништиме она што го постигнавме - МИА

Берлин, 4 јуни 2020 () – Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва го осуди убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД, велејќи дека расизмот е ужасна работа.

– Убиството на Џорџ Флојд е многу страшно. Расизмот е нешто страшно. Општеството во САД е многу поларизирано,  рече таа во интервју за телевизијата ЗДФ, коментирајќи ја по првпат ситуацијата во Соединетите американски држави по убиството на Флојд за време на полициското апсење.

Како што оцени таа, политиката треба да се обиде да ги зближи луѓето и да ги помири.

На прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп има улога во поларизацијата на американското општество, таа рече дека неговиот политички стил е контроверзен, јавуваат германските медиуми.

Сепак, Меркел додаде дека соработува со избраните претседатели на сите земји, вклучувајќи го и американскиот претседател и изрази надеж дека ситуацијата во Америка ќе се смири.


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]