Меј: Многу сум вознемирена поради новото труење со „Новичок“


Лондон, 5 јули 2018  – Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека е многу вознемирена, бидејќи двајца британски граѓани се отруени со нервниот агенс „Новичок“.

– Многу е вознемирувачко да видиш дека уште две лица биле изложени на „Новичок“ во Британија и полицијата, знам, дека ќе го преврти секој камен во текот на истрагата, изјави Меј во Германија, каде што се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Моите мисли се со луѓето во Вилтшир, додаде таа, мислејќи на областа каде живеат жртвите и каде што се случи  најновиот инцидент.

Тоа е второ труење оваа година во Велика Британија со нервен агенс „Новичок“. Првото се случи во март во Салсбери, кога поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа затруени. Лондон за инцидентот ја обвини Русија, а таа ги отфрли обвинувањата.

Вести

Американски државјанин со арапско потекло веќе трет ден заглавен во неутралната зона на грчко – турската граница

Веќе трет ден, американски државјанин со арапско потекло се наоѓа во неутралната зона меѓу Грција и Турција кај Еврос, бидејќи не може да влезе ниту во едната, ниту во другата земја, јави дописничката на МИА […]

Вести

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.   […]

Вести

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 28 ноември

 Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица продолжува на 28 ноември. На денешното рочиште требаше да биде сослушан вештакот Јосиф Ќосев од електротехнички факултет, но одбраната реагираше […]