Медиуми: Антон Јелизаров е новиот шеф на платеничката група Вагнер

jelizarov i prigozin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Командантот Антон Јелизаров, познат по прекарот Лотус, е избран за нов водач на руската паравоена формација Вагнер, по смртта на претходниот водач и основач на таа група, Евгениј Пригожин, пренесува Танјуг.

Како што пренесува британски Експрес, новиот шеф на Вагнер учествувал во некои од најжестоките битки во војната во Украина, а одиграл и водечка улога во освојувањето на градот Соледар во источна Украина.


„Експрес“ наведува дека во рамките на групата Вагнер Јелизаров е познат како „освојувачот на Соледар“, што е прекар што наводно му го дал самиот Пригожин.

Британскиот весник наведува и дека бил близок со Пригожин, кој неодамна загина во авионска несреќа во близина на Москва.

Истрагата се уште е во тек
Кремљ во средата објави дека истрагата за авионската несреќа во која загина шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, ја вклучува можноста несреќата да е намерно предизвикана, прво недвосмислено признание дека Пригожин можеби е убиен, пренесува Хина.

„Очигледно е дека се разгледуваат различни верзии на настаните, вклучително и верзијата – знаете за што зборуваме – да речеме дека тоа е намерно испровоцирано злосторство“, им рече на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повикувајќи дека „резултатите на руската се чека истрага“.

На новинарско прашање дали Русија отфрла меѓународна истрага, Песков одговори:

„Значи, пред се, истрагата е во тек. Ангажирана е руска истражна комисија, но во овој случај не може да стане збор за каков било меѓународен аспект“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK