Mедицинско лице од Хонг Конг е првиот обвинет со новиот закон за национална безбедност



Повеќе од 200 луѓе уапсени за време на протестите во Хонг Конг - МИА

Хонг Конг, 3 јули 2020 ()  –  Човек кој носеше транспарент на кој пишуваше „Ослободете го Хонг Конг“ и се втурна со својот мотор во полиција за време на антивладините протести во средата е првото лице обвинето за поттикнување сепаратизам и тероризам според новиот закон за национална безбедност на таа полуавтономна кинеска територија.

На видеото објавено на интернет се гледа 23-годишниот Тонг Јунг-кит соборува неколку полицајци во тесна улица со мотор, по што паѓа од неговиот мотор, а потоа е уапсен.

Полицијата соопшти дека некои од полицајците биле повредени, а Тонг, кој е медицинско лице е хоспитализиран.

Тонг беше обвинет за помалку од 24 часа откако владата на Хонг Конг објави дека транспарентот  „Ослободете го Хонг Конг – револуција на нашето време“ содржел сепсаристичка или субверзивна конотација според новиот закон.

Новиот закон за национална безбедност стапи во сила во Хонг Конг на 1 јули, на 23-годишнината од британското предавање на Хонг Конг на Кина во 1997 година.

Законот го криминализира отцепувањето, субверзијата, тероризмот и договори со странски сили, а лицата осудени за такви кривични дела можат да бидат осудени на доживотен затвор.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*