Брачна двојка во пензија настрада додека биле на одмор во Гренада. Парот беше пронајден на рајска плажа на островот Кариаку во саботата, но медиумите објавија информации за настанот дури неколку дена подоцна.
Полицијата соопшти дека 76-годишен маж бил прогласен за мртов на местото на настанот, откако бил пронајден како лежи на песок. Неговата сопруга (77) итно била префрлена во болницата на островот, каде лекар подоцна констатирал смрт.
Полициските сили на Кралската Гренада ја идентификуваа двојката како Дејвид Џон Фостер и Розалин Фостер. Локалните медиуми неофицијално дознаваат дека првичните информации укажуваат дека се работи за давење.
Сепак, се уште нема официјална потврда за тоа што се случило. Локалната полиција истражува и ќе биде извршена обдукција, пишува Sky News.