Масовно тестирање на деца на Ковид-19 во Хилдбургхаузен


– Премиерот на германската провинција Турингија, Бодо Рамелов денеска го најави првото масовно тестирање на деца во најпогодената област Хилдбургхаузен, со цел  за да се утврдат причините за порастот на бројот на инфицирани со Ковид-19.



Во  Хилдбургхаузен регистрирани се 603 случаи на 100.000 луѓе, што е четирипати повеќе од германскиот просек од 140 случаи, според Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

– На 1 декември ќе го почнеме првото масовно тестирање на деца и млади. Тестирањето ќе биде бесплатно. Тогаш првпат ќе дознаеме колку се безбедни училиштата и градинките, посочи рече Рамелов.

Во Хилдбургхаузен, е воведен построг карантин во споредба со поголемиот дел од Германија. Градинките и училиштата се затворени, а 63.000 жители можат да ги напуштат своите домови само за добра причина, а за прекршителите предвидена е казна и до 25.000 евра.