Масовен грабеж во Чикаго, на терен 400 полицајци, уапсени над 100 лица (видео)



Масовен грабеж во Чикаго, на терен 400 полицајци, уапсени над 100 лица (видео) - МИА

Чикаго, 10 август 2020 () – Стотици луѓе денеска „го нападнаа„ трговскиот дел на Чикаго, каде се сместени голем број брендирани продавници, хотели, ретсорани и луксузни бутици, каде кршеа прозорци, ограбуваа продавници, конфонтирајќи се со полицијата, а во еден момент дури и иницираа престрелка со силите на редот, соопштија локалните власти.

Повеќе од 100 лица беа уапсени заклучно со 9 часот изутрина, по локално време, соопштиначалникот во чикашката полиција Дејвид Браун. Тринаесет полицајци се повредени за време на немирите, меѓу кои и еден наредник кој бил погоден од шише. Еден цивил и еден припадник на приватно обезбедување се повредени од огнено оружје.

Black Lives Matter had a meetup in Chicago over the weekend. pic.twitter.com/KsN4jpTTAv

— Mark Dice (@MarkDice) August 10, 2020

Началникот Браун оцени дека станува збор за „чист криминал“, а градоначалничката Лори Лајтфут нагласи дека инцидентот се разликува од „оправданиот бунт“ по смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од страна на полицијата на 25 мај.

– Ова не беше организиран протест. Ова беше чист криминал“, рече Браун на прес конференцијата. – За тоа не може да има некакво оправдување, дополни градоначалничката Лајтфут.

Во немирите повредени се најмалку 13 полицајци. На околу 400 полицајци им биле потребни околу четири часа да ја стават ситуацијата под контрола, при што се приведени околу 100 лица.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од искршени излози и луѓе како бегаат со полни раце стока. Повеќето инциденти се случиле на Авенијата Мичиген, во луксузната трговска зона позната како Величенствена милја.

Масовниот грабеж почнал по објавите на социјалните мрежи во кои се поттикнувало на грабежи во центарот на градот.

Браун посочи дека повикот на социјалните мрежи уследил по тензиите кои избија откако полицајците пукале во вооружено момче. Додека полицијата го испитувала 20-годишниот осомничен, тој побегнал, пукајќи кон полицајците кои го гонеле. Полицајците возвратиле и го погодиле. Тој е во болница и се очекува дека ќе преживее, прецизираше Браун. – По пукањето, се собра народ… Предвечер страстите се разгореја, поттикнати од дезинформации. Поради објавите на социјалните мрежи, во тоа подрачје се испратени 400 полицајци, а беа пречекани од каравани луѓе кои пристигнале со автомобили.

Градоначалничката, исто така, потенцираше дека не се потребни федерални трупи за да воспостават ред во градот.

Chicago Democrat Mayor Lori Lightfoot: “We do not need federal troops in Chicago. Period. Full stop.” pic.twitter.com/fhReAdlkgw

— Breitbart News (@BreitbartNews) August 10, 2020

– Не ни се потребни федерални трупи. Точка. Потребна ни е контрола на оружјето, рече градоначалничката која е од редовите на Демократската партија.



Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Регистрирани 141 случај со Ковид-19, еден починат, 94 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 случај со Ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, […]

Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*