Малтешките здравствени работници се заканија со штрајк ако не се откажат фестивалите


Малтешките здравствени работници се заканија со штрајк ако не се откажат фестивалите - МИА

Валета, 31 јули 2020 () – Лекарите и медицинските сестри на Малта денеска се заканија со штрајк поради тоа што најавените четири големи музички фестивали би можеле да бидат голем ризик за ширење на новиот коронавирус.

Помеѓу најавените фестивали е и БПМ Фестивалот на електронска музија од 11 до 13 септември. Фестивалите би требало да привлечат илјадници странски туристи во август и септември.

Медицинското здружение на Малта најави дека ќе ги затвори сите клиники и ќе ги советува лекарите да ги одложат сите вонболнички интервенции во државните болниви ако не се откажат фестивалите.

Синдикатот на медицински сестри и акушерки претходно и постави ултиматум на Владата да ги откаже планираните настани и го обвини премиерот на Малта, Роберт Абел дека ги избрал „алчните претприемачи“ пред животите на ранливите луѓе.

И фармацевтите најавија штрајк ако не се откажат фестивалите.

Малта укина дел од рестриктивните мерки во јуни и јули, а Абел изјави дека земјата е „отворена за бизнис“. Но, забележан е пораст на заразени лица со Ковид-19 по забавата што траеше цел викенд.

Бројот на активни сличаи во Малта денеска порасна од 10 на 150, а повеќе од половината инфицирани односно 85 се мигранти кои биле спасени на море.

Малтешкиот министер за здравство Крис Феарн вчера објави нови рестрикции за настаните на кои има повеќе од сто луѓе, но новите правила не ги смирија противниците на фестивалите. 


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*