Малта прифати 400 мигранти од бродовите пред нејзиниот брег


Малта прифати 400 мигранти од бродовите пред нејзиниот брег - МИА

Ла Валета, 7 јуни 2020 () – Малта се согласи да прими околу 400 мигранти кои со недели се наоѓаат на бродовите што се  наоѓаат во непосредна близина на нејзиниот брег, чекајќи го исходот од преговорите со земјите од Европската унија за нивно прифаќање.

Малтешката Влада соопшти дека се уште се обидува да преговара за преместување на мигрантите во други европски земји, но одлучи да им дозволи да се истоварат на брегот, бидејќи ситуацијата на бродовите станала многу тешка.

Мигрантите веќе неколку недели се наоѓаа на четири бродови пред територијалните води на Малта, откако беа спасени од различни бродови на шверрцери со луѓе во Средоземното Море, пренесуваат американските медиуми.

Малта ги затвори своите пристаништа поради епидемијата на коронавирусот, но упати бродови за мигрантите чекајќи другите членки на ЕУ да им се придружат и да ги примат.

Франција се согласи да прими некои од нив, но не кажа колку, очекувајќи Европската комисија да ја организира нивната распределба меѓу членките на Унијата.


Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]

Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]