Францускиот претседател Емануел Макрон и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман сакаат да ја прошират соработката на нивните земји, соопштено е по нивниот вчерашен состанок во Париз.
Макрон потврди дека „Франција е подготвена да ја следи придружува Саудиска Арабија во зајакнувањето на нејзините одбранбени капацитети“, соопшти Елисејската палата.
Саудиското Министерство за надворешни работи соопшти дека разговорите биле за стратешките односи меѓу Саудиска Арабија и Франција и како да се подобрат во иднина.
Макрон и Мохамед разменија мислења и за ситуацијата на Блискиот Исток. Двете страни се подготвени да работат на трајно смирување на тензиите, според Елисејската палата.
Макрон се осврна и на војната на Русија против Украина и на загриженоста за разорните последици за цивилното население и влијанието врз безбедноста на храната.
Опозициските политичари и активистите за човекови права го критикуваа Макрон за средбата со Мохамед.