Макрон: Помошта од една милијарда евра за Балканот е директна помош за домаќинствата и претпријатијата

makron
Facebook
Twitter
LinkedIn

Сакав да кажам дека сум многу среќен што сум денеска во Албанија, му благодарам на премиерот Еди Рама, за овој самит на Европската Унија – Балканот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. – Ова е многу важен момент за нас, во овој период од чешкото претседателство, дополни Макрон.




– Ние исто така се заложивме за европска солидарност со Западен Балкан во однос на енергијата, така што ќе се распореди фонд од една милијарда евра со мерки за директна помош кон домаќинствата и претпријатијата од страна на Европејците. Тоа се најави и многу конкретна солидарност, тоа е и продлабочување и згуснување на нашата политичка агенда, вели Макрон. – И затоа од сите овие причини, овој Самит е добра можност.

Тој рече дека Самитот ќе го искористи и за средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, во однос на подготовките за Советот. Исто така тој најави дека со Шолц ќе разговара и за темите кои се однесуваат на енергијата, но и прашањето за актите за намалување на емисисите на јаглерод диоксид.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: