Макрон најави воведување карантин низ цела Франција од петок


 Францускиот претседател Емануел Макрон, при телевизиското обраќање до нацијата, го потврди она што се очекуваше – воведување построги мерки во борбата против Ковид- 19, односно дека е потребно „да се оди понатаму“ за да се запре вирусот, со воведување карантин од петок, јави дописникот на МИА од Париз.



 – Одлучив дека е потребно да се најде, од петок, карантинот што го запре вирусот. Ова се однесува на целата национална територија со прилагодување само за прекуокеанските департмани и територии. Училиштата ќе останат отворени, работата ќе може да продолжи, домовите за стари лица и домовите за пензионери можат да бидат посетени, објасни Макрон.

Како и пролетта, Французите ќе можат да одат на работа, да одат на лекарски консултации, да обезбедат помош, да купуваат… Приватните состаноци и јавните собири се забранети. – Тоа значи враќање на потврдата за излегување надвор, рече Макрон.

Поддршка до 10.000 евра месечно ќе се додели на деловните субјекти кои се административно затворени. Делумната невработеност е проширена за вработените и работодавачите.

Децата ќе продолжат да одат на училиште, односно градинките, основните и средните училишта ќе бидат отворени, додека студентите ќе ја следат наставата преку Интернет.

Сите мерки утре се очекува да бидат детално претставени од Владата.

Овие мерки засега се предвидени да траат до 1 декември.


Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ - МИА
Вести

Вархеји: Се помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ

– Се помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*