Мадуро: Болсонаро дека сака војна помеѓу Венецуела и Бразил



– Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го обвини бразилскиот колега, екстремниот десничар Жаир Болсонаро дека сака „вооружен судир“ помеѓу двете земји.

– Болсонаро подготвува бразилските вооружени сили за вооружен судир со Венецуела, поддржувајќи терористичка група, која нападна една касарна на нашата војска, изјави Мадуро пред странските медиуми во Каракас.

Тој зборуваше за нападот на група дезертери врз касарна во пограничната венецуелска сојузна држава Боливар на 22 декември минатата година, при што загина еден војник. Напаѓачите потоа побараа азил во Бразил.

– Постојат терористички групи кои на бразилска територија подготвуваат воени упади во Венецуела и ние имаме право да се браниме, посочи Мадуро.

Тој го нарече Болсонаро фашист.

Во повеќе региони на Венецуела денеска и утре ќе се одржи воена вежба „Боливарски штит 2020“, пред се во делови на земјата што граничат со Колумбија и Бразил.

Бразил, Колумбија и Перу се помеѓу десетината земји кои бараат Мадуро да се повлече од претседателската функција и кои го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател на Венецуела во јануари минатата година.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]