МААЕ планира технички дијалог со Иран


– Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) планира да започне технички дијалог со Иран, со цел да се добие објаснување за честиците на ураниум кои се пронајдени на досега непознати локации, изјави денеска шефот на МААЕ, Рафаел Гроси.


 

– Се обидувам да добијам јасна слика на оваа тема, се надевам дека тоа ќе се случи до летото, можеби и порано, истакна Гроси на прес-конференција.

Тој додаде дека првиот состанок со Иран ќе се одржи на почетокот на следниот месец, изразувајќи надеж дека ќе добие извештај од одборот на МААЕ до јуни.