Лувр повторно отворен за посетителите


Лувр повторно отворен за посетителите - МИА

Париз, 6 јули 2020 () – По три месеци, музејот Лувр ќе ги отвори вратите за посетителите, под строги санитарни услови поради коронавирусот, јави дописникот на .

Санитарните мерки ќе останат на сила најрано до септември, односно задолжително носење на маска започнувајќи од возраст од 11 години. Посетителите ќе треба да дојдат опремени со маска, бидејќи музејот нема да им ја дава.

Во музејот постои добро утврдена патека за посетата која се советува, но која може да не се почитува ако нема многу посетители.  За да се види Мона Лиза или Жаконда, сега ќе се влегува преку Големата Галерија и ќе се излегува на другата страна од салата Државната сала, преку салата Сенон. Пред сликата на Мона Лиза поставени се столпчиња и ленти, со цел да им се дозволи на посетителите да го зачуваат растојанието.

Резервацијата на влезницата се советува да се направи преку интернет, бидејќи само таа гарантира влегување во музејот, освен ако музејот нема продадено 400 влезници за секој половина час на влегување, тогаш туристите ќе можат да купат влезница на самиот влез.  Околу 30 отсто од салите на Лувр се затворени, но турситите не треба да се грижат на нивните погледи се ставени на располагање 30 000 дела на 45 000 квадратни метри изложбен простор. Ноќните посети засега нема да се одржуваат.

Дневно се очекуваат меѓу 8 и 10 000 посетители, наместо вообичаените 40 000. Лувр е еден од најпосетените музеи во светот со 10 милиони посетители, од кои дури 75 отсто се странски туристи. Според музејот на 23 јуни само 12 000 лица резервирале влезници за месец јули, додека за месец август немаше ниту една резервација.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*