Лукашенко: Заминувам по донесувањето на новиот Устав



Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека, според новиот Устав, тој повеќе нема да биде на таа функција, пренесе руската агенција РИА.



„Не донесувам никаков устав за себе. Нема да работам како претседател со новиот устав. Затоа, смирете се, мирно поднесете го тоа”, рече Лукашенко.

Лукашенко заявил, что не будет президентом при новой Конституцииhttps://t.co/iv34LMgMfV pic.twitter.com/mR6o5J4sJH

— РИА Новости (@rianru) November 27, 2020

Тој исто така изјави дека никогаш нема да дозволи со усвојувањето на новиот устав, некој да зборува за изборите дека се наместени.