Лукашенко и покрај тензиите вети блиски односи со Русија



Лукашенко: Белорусија треба да создаде сопствена ракета - МИА

Минск, 4 август 2020 () – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во денешниот говор пред престојните претседателски избори, нагласи дека ќе ги задржи врските со Русија и покрај тензиите помеѓу Минск и Москва.

Тој посочи дека партерството помеѓу двете соседни држави е одраз на историските врски.

– Русија секогаш била и секогаш ќе остане близок сојузник без оглед кој ќе ја освои власта во Белорусија или во Русија, истакна Лукашенко.

Но, и покрај ветувањето Лукашенко повтори дека уапсените 33 припадници на руската група платеници „Вагнер“ планирале да организираат масовни немири во Белорусија пред претседателските избори во Белорусија, што се закажани на 9 август. Москва ги отфрли таквите обвинувања, тврдејќи оти групата само транзитирала низ Белорусија, но го пропуштиле трансферот.

Белорускиот претседател ја предупреди Москва да не се обидува да поттикне тензии, бидејќи нестабилноста би можела да се прошири преку границите и да ја зафати Русија.

– Тоа ќе експлодира, така што ќе се почувствува се до Владивосток, наведе Лукашенко.

На 28 јули во Минск се уапсени 33 руски државјани под сомнение дека се припадници на руската група приватни воени платеници „Вагнер“. Според белоруските власти во земјата се наоѓаат уште 200 платеници, по кои трага полицијата. 


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*