Лондон: Нема смисла за продолжување на разговорите со ЕУ ако нема промена во ставот на Брисел


 Лондон денеска повтори дека „нема смисла“ да се продолжат преговорите за трговски договор со ЕУ по брегзит, доколку нема промена на позицијата во Брисел. Во исто време главниот преговарач на Унијата Мишел Барние изјави дека е подготвен да ги продолжи преговорите засновани врз законски текстови.


 

– Нема смисла да се продолжуваат преговорите. Се додека ЕУ се држи до својат став, таквите разговори немаат смисла, изјави британскиот министер Мајкл Гоув, одговорен за координација на активностите на Владата во Парламентот. Тој додаде дека „на самитот на ЕУ минатата недела не оставена никаква основа за постигнување договор”.

Во телефонски разговор, Барние денеска го инфромира својот британски колега Дејвид Фрост дека ЕУ останува „на располагање“ за да разговара за односите по брегзит, врз основа на „законски текстови“ и да чека да одговори Лондон.