Локални избори во индискиот дел на Кашмир


-Во индискиот дел на Кашмир денеска се одржуваат првите локални избори, откако е укината автономијата на регионот, под засилени безбедносни мерки.



Стравувајќи од напади на сеператистите властите распоредија десетици полицајци и припадници на паравоени сили вооружени со автоматски пушки пред секое гласачко место, додека припадници на армијата патролираат на улиците.

Поради страв од напади,од епидемијата со Ковид-19 и снегот денеска мал број граѓани излегоа да го дадат својот глас.

Тоа е прва фаза од гласањето, што ќе трае до 19 сдекември, а гласачките ливчиња ќе почнат да се бројат три дена подоцна.

Поради пандемијата со новиот коронавирус гласачките места се опремени со термометри, а на секој гласач му се дава маска и гел за дезинфекција.

Иднискиот делод Кашмир е подвисок безбедносен надзор откако владејачката Индиска народна партија (БЈП) го укина полуавтономниот статус на хималајската област и ја стави под директна управа на Владата во август 2019 година. Но, то а не ги спречи нападите од сепаратистите. Во четвртокот во Шринагар убиени се двајца индиски војници, а во средината на ноември во граничните судири помеѓу индиската и пакистанската армија загинаа 13 луѓе.

Локалните совети кои се избираат немаат овластување, но поголем број политички партии ги искористија изборите да се обединат и водат кампања за враќање на политичката автономија на регионот.

Кашмир е поделен помеѓу Индија и Пакистан, откако се земјите се стекнаа со независност во 1947година и секоја држава полага право на неговата целокупна територија.

Во индискиот дел на Кашмир дејствуваа група борци за независност, а Индија тврди дека тие имаат поддршка од Пакистан. Тие од 1989 година се борат  против индиската армија, при што загинале повеќе десетици илјади луѓе, воглавно цивили.