Лојд Остин најави прочистувње на армијата на САД од расисти и екстремисти


– Номинираниот за американски секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека ќе работи на прочистување на американската војска од расисти и екстремисти доколку се потврди неговата кандидатура за министерско место.



– Ако ја одобрат мојата кандидатура ќе работам напорно да ставам крај на сексуалните напади, да ја прочистам армијата од расисти и екстремисти и да создадам клима во која секоја подготвена личност има можност да и служи на нашата земја на достоинствен начин, Остин изјави за време на сослушувањето во Сенатот во Конгресот на САД за неговата кандидатура за секретар за одбрана.