Лидерот на протестите во Хонг Конг, Џошуа Вонг, во Берлин да го осуди полициското насилство


Џошуа Вонг, лидерот на продемократското движење во Хонг Конг, денеска во германската Влада во Берлин јавно да го осуди полициското насилство и злоупотреба на службената должност за време на актуелните повеќемесечни демонстрации во овој полуавтономен кинески град, јави ДПА.

На прес-конференција во Берлин, Вонг изјави дека Германија треба да престане да извезува полициска опрема на владата во Хонг Конг сè додека протестите траат и додека таа опрема се користи против демонстрантите.

-Акциите зборуваат погласно од зборовите, рече Вонг.

Тој, исто така, од германската Влада побара да ги прекине трговските разговори со Кина сè додека на дневен ред не се стават и прашањата за човековите права. Тој рече дека и санкциите треба да се земат предвид.

Лидерот на протестот во Хонг Конг уште кажа и дека на средбата со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, во понеделникот, ги изразил овие свои барања, што Кина во меѓувреме остро ги критикуваше.

Вонг е во посета на Берлин на покана на весникот „Билд“. Тој пристигна во германската престолнина во понеделникот вечерта и меѓудругите разговараше и со Маас, на настан што весникот го организираше во ресторан на покривот од германскиот Парламент.

Неговата посета на Германија беше одложена за еден ден откако тој беше приведен на аеродромот во Хонг Конг за наводно кршење на условите за кауција.

Клучната фигура во антивладините протести во Хонг Конг подоцна беше ослободен откако судот ги процени условите за кауцијата и му дозволи да го реализира претходно планираното патување и оцени дека неговото апсење било неосновано.

-Хонг Конг е новиот Берлин во новата Студена војна, кажа Вонг на денешната средба со новинарите.


Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19 - МИА
Вести

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19

Скопје, 9 април 2020 () – Притвореник во затворот Скопје во Шуто Оризари, примен на 8 март оваа година, кој починал од срцев удар, без симптоми за коронавирус, посмортем му е потврден Ковид 19, соопшти […]

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот - МИА
Вести

Потврдени 46 нови случаи на Ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани случаи 663

Скопје, 9 април 2020 () – Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, […]

И во полициски час интервенции за технички проблеми на телекомуникациските мрежи - МИА
Вести

И во полициски час интервенции за технички проблеми на телекомуникациските мрежи

Скопје, 9 април 2020 () – Доколку граѓаните имаат технички проблеми во функционирање на телекомуникациската мрежа може да се обратат до операторите, чии технички екипи и покрај тоа што е полициски час и е прогласена […]