Либанскиот премиер повика на предвремени избори



Диаб побара помош по експлозијата во Бејрут - МИА

Бејрут, 8 август 2020 () – Премиерот на Либан, Хасан Диаб денеска најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот ја продлабочи кризата.

Во телевизиско обраќање, Диаб ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата настрана и да работат заедно.

Тој додаде дека е подготвен да остане на функцијата наредните два месеца, за да им даде време на политичарите да спроведат структурни реформи.

Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут што се случи во вторникот денеска се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.

Како што се наведува, 21 лице се водат како исчезнати.

Експлозијата во пристаништето во Бејрут ја предизвикаа повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој бил складиран шест години, откако бил конфискуван од царинската служба.

 

 


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*