Либанци: Се чувствуваме безнадежно

liban1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 90.000 луѓе во Либан се раселени од понеделникот. Многумина избегаа од југот на земјата, упатувајќи се кон главниот град Бејрут.


Една жителка на Бејрут, Лина Фанса, изјави за Би-би-си дека се чувствува „депресивно и безнадежно“ додека ескалира конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

„Ќе видите многу душеци на подот на јавни места, толпи луѓе кои се обидуваат да влезат во напуштени станбени згради“, вели 31-годишната жена.

Фанса, која живее во западното предградие Рас Бејрут, вели дека звукот на сирените е постојан бидејќи се повеќе повредени цивили се слеваат во градот.

Таа постојано ги следи информациите на нејзиниот телефон, чекајќи „трошка надеж, добри вести“, но вели дека сè уште ништо не е дојдено.

„Не знаеме што ќе биде со нас“, рече таа во очај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK