Ле Дријан во Каиро: Франција длабоко го почитува исламот




Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан изјави во Каиро дека Франција длабоко го почитува исламот.

Тој го кажа тоа по состанокот со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и посочи дека антифранцуската кампања во муслиманскиот свет е резултат на погрешно протолкувани ставови на францускиот претседател Емануел Макрон за тоа прашање, пренесува „Ројтерс“.

„Го имаме првиот принцип кој е највисоко почитување на исламот. Исто така, сакам да кажам дека муслиманите се целосно дел од општеството во Франција. Втората порака е дека се соочуваме со закана од тероризам, фанатизам, на наше тло, но и на друго место, и оваа борба е заедничка борба“, рече Ле Дријан.