Лавров пристина на Бали за Самитот на Г-20


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска пристигна на Бали за Самитот на Г-20, што се очекува да биде засенет од руската инвазија врз Украина и заканата од светска прехранбена криза.


 

Се очекува на Самитот, што ќе почне утре, да бидат водечки дипломати од сите држави членки на Г-20, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, како и неговиот кинески колега Ванг Ји.

Според извор од Кинеската амбасада во Џакарта, предвидено е денеска Лавров да има билатерални разговори со Ванг.

Експерти предвидуваат дека поделбите околу присуството на Лавров, може да доминираат на состанокот.

– Веројатно ќе има дÑ �ама поради Лавров, но, доколку Индонезија може да ја убеди Русија на мир со Украина, мислам дека тоа би се исплатело, изјави професорот на Универзитетот Џендерал Соедирман, Агус Харјанто.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо се обиде да посредува меѓу Русија и Украина, посетувајќи ги двете земји минатата недела, опишувајќи го патувањето како мировна мисија.

Видодо минатиот месец предупреди дека светската криза со храна, предизвикана од руската инвазија врз Украина, ќе ги турне луѓето во земјите во развој, како и во сиромашните, во „амбисот на екстремната сиромаштија и гладта“.