Лавина проголта скијачи во Франција, четворица мртви и двајца исчезнати

Лавина-проголта-скијачи-во-Франција-четворица-мртви-и-двајца-исчезнати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку четири лица загинаа во лавина во Централниот масив, планински венец во јужниот дел на централна Франција, јавуваат локалните медиуми. Наводно се повредени уште три лица, а двајца се водат за исчезнати.


Несреќата се случила во неделата попладне во Вал д’Енфер недалеку од ски-центарот Мон Доре, кој се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри надморска височина.

Регионалниот весник Миди Либре објави дека жртвите биле на скијање кога ги затрупала лавина.

Можно е дождот да ја предизвикал несреќата, оптоварувајќи ја снежната покривка која се формирала неколку часа претходно, пишува весникот повикувајќи се на експерт. Лошото време ја отежна потрагата по исчезнатите. Лавините на Централниот масив се доста ретки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK