Лајен воочи Самитот на Г-7: Растот на економијата зависи од меѓународната соработка


– Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен најави дека на Самитот на Г-7 ќе се разговара за обнова на економијата од последиците од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и за глобалната економнска соработка.


 

Лајен пред тридневниот Самит на Г-7, што утре почнува во Велика Британија, истакна дека растот на економијата во голема мера зависи од меѓународната соработка.

– Ние сме отворена економија и нашето подобрување ќе зависи од одговорот на нашите партнери на кризата. Очекувам дека на Самитот на Г-7 ќе биде потврдено оти ќе се продолжи паралелениот пристап и фискалната поддршка на економијата, посочи Лајен.

Таа додаде дека вложувањата во обнова на економијата на Европска Унија од 2020 до 2022 година ќе изнесува 18 проценти од вкупниот европски бруто домашен производ, што е еквавилентно на 20 отсто вложувања во САД во истиот период.

Според Лајен ЕУ подобро одговорила на актуиелната економска криза  во споредба со кризата во 2008 година и оти развиени се начини за брзо дејствување, отпорност и превенција на ризиците.

– Сакаме отворено општество и економска размена, но не по секоја цена. ЕУ инсистира на соработка занована на демократските вредности и почитување на фундаменталните права. Кина и Русија загрижуваат кога станува збор за тие областѕи, а Г-7 конечно се повторно обединети и одлучни да ги бранат нашите вредности, истакна Лајен.

Според неа враќањето на САД како партнер овозможува зајакнување на глобалниот мултилатерализам и заштита на заедничките вредности на Г-7.